Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зибери: Не сум член на политичка партија

Зибери: Не сум член на политичка партија

Насер Зибери за прв пат излезе во јавност откако стана народен правобранител и во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е член на ниту една политичка партија. За принципот опозицијата да предлага народен правобранител вели дека не бил прифатлив затоа што таа понудила свој партиски предлог.

За идејата да биде првиот премиер Албанец, која не му се оствари, иако беше предлог на ДУИ пред парламентарните избори, рече дека Македонија во иднина же има претседател на Владата од оваа етничка заедница.

„Ние треба да имаме и премиер Албанец. Тоа не е неостварливо. Не е важно дали ќе бидам јас или друг, но добра порака за соживот е да има во иднина премиер Албанец, и тоа ќе биде“, напомена Зибери кој додаде дека ова прашање и натаму не е затворено.

Доскорешниот нотар и поранешен министер за труд и социјална политика сепак вели дека тешко се носел со притисокот да биде кандидат за прв премиер Албанец.

„Се убедувавме со денови со Али Ахмети. Бев скептичен. Но, Ахмети важи за човек со визија. Успеа да направи доста работи за Албанците. Почнав да верувам и денес верувам дека премиер Албанец ќе има. Дали јас или друг, но тоа ќе биде“, изјави Зибери во „Click Plus“ на ТВ21.

Вели дека не е прифатлив предлогот на одредени струи Македонија да воведе државен секретар кој би бил етнички Албанец.

„Да се ​​понуди како алтернатива државен секретар мислам дека е непринципиелно и затоа не сум подготвен да ги прифатам нивните забелешки во врска со ова“, додаде тој.

Слично

Поврзани вести