ЗИБЕРИ: Многу лични документи кои се обработени и подготвени за доставување се заглавени во лавиринтите на МВР
Готови документи се заглавени во лавиринтите на МВР, а поднесени се 50 претставки до Народниот правобранител.
„Многу лични документи кои се обработени и подготвени за доставување се заглавени во лавиринтите на МВР и не можат да се најдат“, изјави народниот правобранител Насер Зибери.
Тој вели дека и неговиот тим оди за да му помогне на МВР за пронаоѓање на готовите документи. Покрај неможноста за подигање на документите, претставки има и за неможноста да се закаже термин, но и за покривање на трошоците за важечките документи.
Друг проблем што го спомна Зибери се и адолесцентите кои ќе полнат 18 години пред изборите и не можат да извадат лична карта за да излезат на гласање. Се пожали дека МВР не го спроведува членот 7 од законот за лични карти каде се вели дека на лицата над 65 години треба да им се издаде лична карта на неограничено.
