Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зибери: Министерството за финансии не ни дозволува да дотрошиме 30 отсто од буџетот

Зибери: Министерството за финансии не ни дозволува да дотрошиме 30 отсто од буџетот

Народниот правобранител Насер Зибери се пожали на финансиската независност која ја предвидува буџетот на институцијата. Омбудсманот често не ја добива согласноста за одредени трошоци од Министерството за финансии и на крајот, како што вели, над 30 отсто од предвидените средства останувале непотрошени.

- Јас разбирам ние со Владата да водиме преговори за утврдување на рамката, но искористувањето на тие средства не може да се подведе под постојан надзор и препреки од Министерството за финансии. Често пати на крајот 30 отсто од средствата ние не може да ги искористиме и ни се враќаат повторно во буџетот, а при тоа имаме елементарни потреби со кои инаку не можеме да се справиме, рече Зибери во емисијата „Утрински брифинг“.

Народниот правобранител претпоставува дека тоа е политика на Владата која министерот за финансии ја спроведува, а од друга страна, вели Зибери, дека неговата институција законски располага самостојно со буџетската рамка.

- Јас веќе разговарав со новиот премиер и доколку повторно не наидам на разбирање, јас ќе мора да се обратам до меѓународните институции кои се многу чувствителни кога станува збор за овие тела, додаде Зибери.

Слично

Поврзани вести