Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зибери гласаше од изолација во Собранието, прекршил ли протокол?

Зибери гласаше од изолација во Собранието, прекршил ли протокол?

Пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери, синоќа гласаше од посебна просторија во Собранието. Дека има пратеник кој не е физички присутен во слата каде се одржувашеседницата, пред гласањето објави претседателот на Собранието Талат Џафери. Сепак тој не кажа за кого станува збор. Подоцна стана јасно дека тоа е Арбен Зибери поранешниот директор на скопскиот Центар за јавно здравје, кого министерот Венко Филипче го смени од функцијата. 

Додека Џафери смируваше дека нема опасност за другите пратеници, после и новоизбраниот премиер Зоран Заев рече дека пратеникот не го прекршил протоколот со тоа што излегол од изолација. Според Заев тој воопшто не е позитивен туку чека резултати, а бил изолиран бидејќи не се чувствувал добро.

„Јас не бев информиран за овој случај, сега дознав дека пратеникот чека резултати од тестирање, а не се чувствувал добро. Затоа за да се заштити, беше спроведен во посебна просторија да гласа“, одговори Заев.


Слично

Поврзани вести