Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зибери: Амнестијата дава простор и за коментари дека имаме работа со селективна правда

Зибери: Амнестијата дава простор и за коментари дека имаме работа со селективна правда

Поранешниот министер и пратеник, Насер Зибери, во дебата во емисијата „360 Степени“ на Алсат зборуваше за првостепената пресуда за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Вели дека премиерот Зоран Заев уште на првиот настап во Парламентот остана на некаков начин конзистентен на идејата за општо помирување, кое би подразбирало преземање на многу видови на активности, и на крајот целата таа идеја и концепт завршила со Законот за амнестија. 

Иако самата амнестија има одредена политичка цел, но од друга страна дава простор и за коментари дека имаме работа со селективна правда, рече Зибери.

„И ако се земе предвид тоа дека продукт на Законот за амнестија беше ослободувањето од одговорноста на неколку пратеници, кои потоа влегоа во групата на пратеници кои ги поддржаа уставните измени и ратификувањето на Законот за договорот со Грција, остава сомнеж дека Законот за амнестија бил инстантен, бил за одредена цел и фрла сенка во целиот овој процес кој несомнено остава сомнеж и може да се поврзе во конотација со денешните судења“ – изјави Зибери.

Тој се согласи со забелешката дека освен амнестијата нема други мерки поврзани со помирувањето.

Слично

Поврзани вести