Жителите на Тафталиџе не го даваат паркот
Жители од скопската населба Тафталиџе денеска повторно протестираа по најавата на локалната власт за градење петкатница на местото на паркот.
Протестираа граѓаните кои живеат во близина и кои детството го поминале во овој парк на улица „Букурешка”. Тие не сакаат да се уништи оваа зелена површина.
Деталниот урбанистички план предвидува на оваа локација да никне зграда со приземје, четири ката и поткровје. Од општината Карпош, и од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, кое треба да биде инвеститор на објектот, тврдат дека се испочитувани сите процедури, а маркицата за местото постои од 2003 година. Најавија дека доколку е потребно зградата ќе се гради и со асистенција на полицијата.
Слично
