Жителите на Ново Лисиче не сакаат да плаќаат за исклучено парно
Потписи на петиција против плаќањето за исклучено парно собираат жителите на Ново Лисиче, на кои им дошло преку глава да плаќаат за студени радијатори, објави ТВ Телма.
Дополнително се револтирани од заканите за тужби и извршители со кои им се заканува „Топлификација“ иако веќе две години оваа компанија не снабдува со парно греење.
„Кај нас цевките поминуваат во влезот и нема никакви шанси да користиме топлина преку нив, иако сме исклучени. За ова реагиравме до сите институции, но ништо“, вели Мирко Станојевиќ за Телма.
Граѓаните велат дека се исклучиле од системот од финансиски причини, а сега имаат уште поголеми трошоци иако радијаторите дома им се студени
Слично
