Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски потврди – И неговата фасада во планот за реновирање

Жерновски потврди – И неговата фасада во планот за реновирање
Битката против барокот станува лична, смета градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, по најавите дека и неговата семејна куќа е меѓу 19-те објекти во строгиот Центар на Скопје на кои градската власт сака да им ги реновира фасадите. „Владата ликува дека фасадата на мојата семејна зграда ќе биде во барок. Ова покажува до каде може да оди лудилото. Оваа одлука на Владата е лична и насочена кон мене“, изјави Жерновски. Од Градот Скопје се уште нема коментар зошто и семејната куќа на Жерновски се нашла на списокот на објекти за чија нова фасада веќе се бара ново идејно решение на конкурс. Сепак, од Градот потенцираат дека со оглед на тоа што на списокот се наоѓаат и приватни и деловни објекти, во постапката за избор на новиот изглед на фасадите ќе биде земено предвид и мислењето на сопствениците. Градоначалникот на Центар Жерновски денеска најави дека ќе побара асистенција од полицијата за уривање на спомениците-дивоградби на мостот „Око“, меѓу кои и оној на Цар Душан. Меѓутоа не знае каков став ќе заземе МВР и дали ќе прифати да се вклучи во операцијата. „Може Груевски да зборува што сака. Секоја дивоградба за која ќе се утврди дека е градена и поставена вон законот ќе биде отстранета. Скулптурата на Цар Душан, за која министерката за култура вели дека не знаела кој ја поставил, е ставена само за да предизвика инциденти“, додаде Жерновски.  
Слично

Поврзани вести