Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Оградата „тешка“ над еден милион евра се чува во тајно депо

Жерновски: Оградата „тешка“ над еден милион евра се чува во тајно депо
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска објави фотографии од, како што вели, скапоцената ограда што треба да биде поставена на мостот „Слобода“. Оградата се чува на непозната локација, а фотографиите биле пронајдени во едно од депоата во градот. „Пред две години, Коце Трајановски изјави дека оградата за овој мост ќе чини „само“ 1 милион евра, потоа од кабинетот на градоначалникот на Скопје беше објавена информацијата дека оградата ќе чини 1,8 милиони евра, за да еден месец пред изборите ова цената се намали на 1 милион и 180 илјади евра. Оваа ограда се уште не е готова, се чува во тајност, а очигледно е дека намерата е да не се вознемири јавноста пред избори“, вели Жерновски. Правејќи споредба со времето кога градски татко беше Ристо Пенов, Жерновски забележува дека тогаш за 1,5 милиони евра биле направени два моста - кај Хром и мостот „Близнаци“, а сега со тие пари се прави само една ограда.  
Слично

Поврзани вести