Жерновски: Нема да има барок врз ГТЦ- ниту „Шпански скали“ на плоштад!
Градскиот трговски центар и зградата на ЕВН ќе куртулат од барокот. Вака градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски го протолкува неизгласувањето на барањето за промена на Деталните урбанистички планови во општина Центар, меѓу кои и тој за Мал Ринг. Според Жерновски,ако беа изгласани измени во ДУП-овите, ќе се легализираше промената на фасадниот изглед.
„„Успеавме да ги спасиме ЕВН и ГТЦ. Објектот на ГТЦ е изграден по конкурс на југословенско ниво како првонаграден проект, добитник е на националната награда „11 октомври“ и добитник на највисоко југословенско архитектонско признание. Зградата на ЕВН е претставник на „Ѕид завеса“ – правец во архитектурата“, истакна градоначалникот и додаде дека сега не можат да добијат дозвола од општината, постапката веќе е завршена и затоа не може да се продолжи процедурата.
„Во иднина ќе носиме нови ДУП-ови каде ова нема да биде опфатено“, додаде тој.
Според него и Шпанските скали како дел од новата трикатница на плоштад, од општина Центар нема да добијат дозвола за градба бидејќи се надвор од маркицата, па инвеститорот без дозволата нема да може да ги гради.
Од ВМРО ДПМНЕ реагираа, велат Жерновски денеска не излезе на прес-конфренција да каже што направил во интерес на граѓаните, туку излезе за да каже што сака да блокира.
„Тој наместо да создава постојано само блокира и работи против интересите на општина Центар и нејзините граѓани. Андреј Жерновски исклучиво ја користи својата позиција, за да ја злоупотребува општина Центар за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Очигледно дека личната кариера ја става пред интересите на граѓаните. Андреј Жерновски мора да знае дека блокирањето на градба истовремено значи и помалку пари во општинската каса“, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Слично
