Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски на Уставен го оспори Законот за градење

Жерновски на Уставен го оспори Законот за градење
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски поднесе иницијатива пред Уставниот суд за оценка на уставноста на последните измени во Законот за градење. Според Жерновски, целта на измените е да и се одземе надлежноста на Општина Центар во издавањето на градежни дозволи. „Сметам дека измените се донесени со единствена цел – на Општина Центар да и' се одземе надлежноста за издавање одобренија за градење, надградба и реконструкција на објекти и да се пренесе на Град Скопје“, рече Жерновски. Тој додава дека со измените, Градот ќе може ретроактивно да ги легализира сите незаконски поставени скулптури на територијата на оваа општина. Затоа Жерновски смета дека со ваквите измени се нарушува правото за извршување на уставните надлежности на единиците на локалната самоуправа. Градоначалникот на Центар ги повика судиите да бидат брзи и ефикасни во одлучувањето за оваа иницијатива.
Слично

Поврзани вести