Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски и ВМРО ДПМНЕ во спор: Кого бива повеќе за фасади?

Жерновски и ВМРО ДПМНЕ во спор: Кого бива повеќе за фасади?
На барок фасадите во Скопје, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски возвраќа со шарената фасада на зградата „Папагал“, која е енергетски ефикасна. Тој најави дека проектот за енергетски ефикасни објекти ќе продолжи и оваа година, а нови фасади треба да добијат 11 згради во централното градско подрачје. Со овој проект сметките за топлинска енергија се намалуваат за една третина. „Сите фасади на зградите кои ги реконструираме го задржуваат автентичниот лик со што драстично се разликуваме од владата и нивниот стил на реконструкција“, напомена Жерновски. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека фасадите на објектите што ги гради владата се далеку подобри од оние на Жерновски. „Ги повикуваме граѓаните да ја погледнат зградата Папагал и за момент да направат споредба со онаа на пример кај ресторанот „Пелистер“, но и за момент да замислат како би изгледало Скопје или Општина Центар ако се остави да се менуваат фасадите од страна на Жерновски. Она што нам ни се гледа како соодветно, е соодветноста на карактерот на Жерновски со стилот на зградата Папагал. Сè друго на оваа зграда е посоодветно за стилот на Индија, отколку на европскиот класичен или современиот стил.Сега откако го видовме вкусот за архитектонски стилови и дизајн на Жерновски, сосема јасно ни е зошто толку многу Жерновски не се согласува со нас .Една српска народна изрека вели: „Све ми боје лепо стоје“. Како во политиката, така и во архитектурата. Ова е алтернативата за граѓаните во однос на изгледот на Скопје. Па сега, нека бираат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести