Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Центар ќе се спротивстави на изградбата на барок-хотелот кај НБРМ

Жерновски: Центар ќе се спротивстави на изградбата на барок-хотелот кај НБРМ
Општина Центар ќе ги искористи сите опции кои и се на располагање и сите законски можности за да ја стопира изградбата на хотелот спроти Веро-центар, кој треба да се гради на градежната парцела продадена по багателна цена вчера. Ова го најавува градоначалникот Андреј Жерновски на прашањето дали општината ќе издаде градежна дозвола на инвеститорите кои за само 3.296 евра на јавна лицитација по електронски пат, од Министерството за транспорт и врски го купија атрактивниот плац од 2.855 метри квадратни. „Стартната цена на лицитацијата била само едно евро и траела 15 минути, а фирмата која победила на лицитацијата ја зголемила цената за само десет денари“, образложи Жерновски. За споредба, вели тој, парцелата каде што денеска се наоѓа Веро центар имала стартна цена од 200 евра, а достигнала 500 евра за квадратен метар. Градоначалникот Жерновски додава дека е нелогично во Карпош земјиштето да се продава за 100 евра, а во Центар за симболично едно евро. Со сите овие аргументи тој бара од Владата да го поништи процесот. Земјиштето го купи единствениот понудувач – Друштвото за трговија промет и услуги „Амадеус Стоун ДООЕЛ“ од Скопје. На локацијата, на површина од 1.775 метри квадратни, треба да изгради хотел на седум ката со приземје, поткровје и подземен паркинг, а условот е фасадното решение на објектот да биде во барок стил. Купувачот е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата, а доколку не го направи тоа ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено.
Слично

Поврзани вести