Економија, финансии, бизнис

Контакт

Згрижувачка на деца во Битола уапсена поради запуштање

Згрижувачка на деца во Битола уапсена поради запуштање

Во саботата полицијата уапси згрижувачка на деца во малчиот групен дом во Битола поради нивно запуштање, потврди МВР. Малиот групен дом е под надлежност на Домот за доенчиња и мали деца од Битола.

„На 04.06.2022 полициски службеници од полициската станица Битола ја лишиле од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола, бидејќи истата со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава“, објави МВР.

Од Министерство за труд и социјална политика веќе соопштија дека согласно законите, против вработената ќе биде покрената дисциплинска мерка.

Слично

Поврзани вести