Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зградата на МНР под евакуација

Зградата на МНР под евакуација

Зградата на Министерството з анадворешни работи е под евакуација откако дојава за бомба пристиганала изутринава на адресата на оваа институција.

– Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, објави МВР.

Полицијата е на терен и се преземаат активности за проверка на зградата.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово во основно училиште во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Слично

Поврзани вести