„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата
„Се уште нема најава за зголемување на платите во полицијата, а останатите „синдикати“ и понатаму молчат“.
Ова го објави утрово Независнот синдикат на полицијата кој денеска се огласи со нова рекција за платите на вработените во Министерството за внатрешни работи.
- 15 отсто зголемување на платите во здравството,
7 проценти зголемување на платите во образованието,
1.812 денари големена мининалната плата,
2.500 денари зголемување на пензиите.
Сеуште нема најава за зголемување на платите во полицијата, а останатите ,,синдикати" и понатаму молчат.
НСП како единствен Независен синдикат во полицијата будно ја следи состојбата и повторно испраќа порака до надлежните ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА!
Со цел донесување на одлука за идните чекори на синдикатот во случај полицијата да биде повторно испуштена со покачувањето, закажуваме итна седница на Претседателството на синдикатот за 03.04.2025 година по која јавно ќе ги соопштиме следните чекори - пишува во објавата на НСП на социјалните мрежи.
Слично
