Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемувањето на пензиите ќе падне на грбот на сите граѓани!

Зголемувањето на пензиите ќе падне на грбот на сите граѓани!
Рекордни 322,3 милиони евра во 2013 година ќе бидат префрлени од централниот Буџет во касата на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување. Тоа е за 35,5 милиони евра повеќе отколку што за спас на пензискиот систем беа одвоени со годинешниот буџет. Главната причина за зголемувањето на сумата е најавеното зголемувањето на пензиите од 5 проценти, што треба да се случи во март идната година. Тоа ќе биде напраевено и покрај тоа што министерот за труд и социјала Спиро Ристовски неодамна алармираше дека пензискиот систем е пред колапс, со оглед што сега соодносот вработени/пензионери е 1,7:1, а овој модел може да функционира без проблеми само доколку бројот на вработени е барем три пати поголем од бројот на пензионери. Инаку, Фондот за ПИОМ в година вкупно за пензии ќе потроши исто така рекордни 808,8 милиони евра. 469 милиони планира да ги обезбеди од придонесите за пензиско осигурување што го плаќаат вработените и уште неколку милиони од продажба на акции и удели во македонските компании.
Слично

Поврзани вести