Зголемени девизните резерви на НБРМ
Народна банка на Република Македонија информираше дека на крајот од 2014 година биле зголемени девизните резерви во земјава за 488,4 милиони евра во споредба со истиот период во 2013 година.
Според објавените податоци на крајот од 2014 година НБРМ располагала со девизни резерви во висина од 2.432.200.000 евра.
Од НБРМ велат дека монетарното злато во вкупните резерви изнесува 215.600.000 евра, а валутите и депозитите се 272.800.000 евра.
Хартиите од вредност изнесуваат 1.943.800.000 евра.
Податоците на НБРМ говорат дека на крајот на 2013 година девизните резерви изнесувале 1.993.000.000 милиони евра, во 2012 биле 2.193.300.000 милиони евра, во 2011 година 2.068.900.000 евра, а во 2010 година 1.714.500.000 илиони евра
Слично
