ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА: Се чека на два гранични премини
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и чекање околу 15-30 минути, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во извештајот на АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
