Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемена фрекфенција на возила, се чека за излез и влез во државата

Зголемена фрекфенција на возила, се чека за излез и влез во државата

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини, додека пак на  граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.


Слично

Поврзани вести