Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемена е безбедноста на француската амбасада

Зголемена е безбедноста на француската амбасада

Француската амбасада во Македонија побара, а МВР ја зголемило безбедноста врз објектот, објави Телма, повикувајќи се на Министерството. 

Потврдуваат дека амбасадата побарала дополнителни безбедносни мерки, а Министерството соодветно одговорило на се што е побарано.

Ова е единствената амбасада која досега побарала обезбедување по објавувањето на морбидните погребни фотографии на амбасадори и други странски претставници во Македонија, анинимно на социјалната мрежа Имгур. Во рамките беа ставени амбасадорите на САД, Џес Бејли, францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние и неговата колешка Лоренс Оере, германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер и други. 



Слично

Поврзани вести