Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 отсто
Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 отсто.
На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска на 80-та седница ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници.
Со тоа наместо исполнетост до 50 отсто, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата.
Слично
