Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА НОВИ СЛУЧАИ МЕЃУ ДЕЦАТА ОД 6 ДО 14 ГОДИНИ: Најголем број од починатите се невакцинирани граѓани

ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА НОВИ СЛУЧАИ МЕЃУ ДЕЦАТА ОД 6 ДО 14 ГОДИНИ: Најголем број од починатите се невакцинирани граѓани

-Се забележува намалување на бројот на новооткриени случаи со КОВИД-19, што значи подобрување на епидемиолошката состојба, но, тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба, а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи и тоа се школските деца кои се на настава во најголем број со физичко присуство. Значи, тука во моментот се уште нема простор за загриженост, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски по редовниот состанок.

Потенцира дека ја анализирале смртноста од корона вирусот во Македонија, нагласувајќи дека сите анализи јасно упатуваат кон фактот дека најголем број од починатите се невакцинирани или нецелосно вакцинирани или се вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци. Во оваа насока, Петличковски апелираше граѓаните да се вакцинираат и да примат трета доза, бидејќи вакцинирани со трета доза без коморбидитети практично нема меѓу починатите, и бројот на хоспитализирани е многу мал.

– Третата доза исклучително ефикасно штити од хоспитализација и смрт и тоа се најпроверливите и најважните факти научни кои мора на секој од нас да му се јасни. Гледаме деновиве разно разни дебати нестручни, шарлатански кои ги ставаат во прашање овие податоци. Овие се податоците кои се проверливи и кои се апсолутно најсилни. Вакцинацијата со трета доза во моментов е најдобрата заштита од тежок тек на болест и од смрт и тоа е препораката на нашата Комисија – силна препорака за сите граѓани, во некои возрасни групи, особено над 70 години таа е подобро прифатена, во солиден процент примиле трета доза, но помладите, на пример, се многу полабави по ова прашање и апелираме и на нив да размислат третата доза, нагласи Петличковски.


Слично

Поврзани вести