Згасна животот на момчето кое беше нападнато во Автокоманда
Момчето кое на 29 јуни беше физички нападнато на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ починало утринава.
Како што јавија од МВР животот на момчето згаснал утрово во 8.00 часот.
Н.С. (21) беше физички нападнат од три машки лица кои според тогашните информации излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“.
По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, додека Н.С со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза".
По инцидентот, две лица беа приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.
На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.
