ЗГАСНА ЖИВОТОТ НА МАЛАТА СИМОНА-НЕ ПОМОГНАА НИТУ СИТЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ: Штипјани кажаа последно збогум нивната миленичка
Малото штипјанче кое
штипјани го сакаа како свое дете почина, стои во објавата на Кирил Манев на
Фејсбук.
- Штипјани, сите до еден, организираа хуманитарни акции, меѓу нив и ФК Брегалница, само да и се спаси животот на малото седумгодишно девојче. Добро беа организиртани хуманитарни акции, со што Штип потврди дека е хуман град. Но, на крајот животот на малата Симона згасна.
Малата Симона боледуваше од акутна нелимфобластна леукемија. За неа беа собрани околу 140.000 евра од разни донации, концерти, театарски претстави, телефонски броеви за да може да се лекува во Загреб.
Слично
