Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕЖОК ВИКЕНД: За новиот владин кабинет Собранието ќе гласа во сабота

ЖЕЖОК ВИКЕНД: За новиот владин кабинет Собранието ќе гласа во сабота

Седницата за избор на новата Влада на мандатарот Зоран Заев е закажана за в сабота за во 11 часот. Денеска тој го достави предлогот за новиот владин кабинет. Придружуван од новите 19 министри рече дека граѓаните ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна влада, чии стратешки приоритети остануваат НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со коронавирусот и создавање економски раст. 

„Денеска како мандатар до Собранието доставувам предлог за влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки. Сите заедно се обврзуваме дека ќе водиме напред, секој ден, секој час, дека ќе работиме уште повеќе и подобро, и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество“, рече Заев.

Во новата коалициона Влада, Заев е биде премиер.

Љупчо Николовски – вицепремиер 

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Горан Милевски - министер за локална самоуправа.

Предизборниот коалиционен партнер БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа. Од ДУИ предложени се

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Јетон Шаќири - министер за информатичко општество и администрација


Слично

Поврзани вести