ДРАМА ВО ГОСТИВАРСКО: Зет го застрелал таткото на сопругата
Вистинска семејна драма се одвивала во гостиварското село Долно Бањица кога зетот со два куршума го застрелал таткото на сопругата пред неговиот дом и побегнал.
Од МВР соопштуваат дека оваа драма се случила во теко на вчерашниот ден околу 10:40 .
Со два куршума од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од село Горно Седларце, Тетовско.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Слично
