Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жестоки спротивставувања од опозиционерите за замениците министри кои ги предлага Заев

Жестоки спротивставувања од опозиционерите за замениците министри кои ги предлага Заев

Премиерот Заев на денешната собраниска седница ги соопшти имињата на замениците министри.

Во тек е собраниска дебата на која се дебатира за предлозите кои ги даде Заев а најмногу негодувања од страна на опозицијата има за името на Арта Точи која се предлага да биде заменик-министер во Министерството за надворешни работи.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ засега најмногу спорат околу Точи поради како што велат нејзината изјава дека Западна Македонија е одземен дел од Албанија.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ го обвинуваат премиерот за поставување на партиски кадри и дека единствен проект кој го направила досега Владата на Заев е проектот со најголем број на министри вклучени во Владата.

„Само популистички мерки, а ништо во интерес на граѓаните. Апелираме заменикот за култура дека нема да оди по стапките на министерот со полициска придружба и против македонската култура. Очекуваме заменик министерот за животна средина Јани Макрадули да ја реши депонијата во Стуга и ПМ честичките во сите загадени градови ќе бидат на најниско ниво“- се дел од забелешките искажани во Собрание.

Премиерот реплицираше и рече дека сите предложени кандидати ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, на државата, и дека институциите ќе носат одлуки а времето на популицизмот завршило.

Опозиционерите бараат итни реформи, и бараат Заев да го испорача она што го ветил, живот за граѓаните а не празни дебати.

Слично

Поврзани вести