Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКИ ПРЕПУКУВАЊА ВО СОБРАНИЕ И ДЕНЕС: Спасовски бара да се избере спикер, Димовски против

ЖЕСТОКИ ПРЕПУКУВАЊА ВО СОБРАНИЕ И ДЕНЕС: Спасовски бара да се избере спикер, Димовски против

Пратениците продолжуваат со жестоки дебати и препукувања и на деветата седница во Собранието.

Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски побара со поддршка од 10 пратеници да се избере претседател на Собранието, но Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ се спротивстави.

„Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинеме расправата по оваа точка и да се премине на четвртата точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието“, рече Спасовски.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше и рече дека преку овој начин СДСМ започнала да врши политичко насилство врз Собранието и дека на овој начин не се дозволува да се искористи правото на збор кое што е едно од најдемократските права на пратениците. Димовски нагласи дека според Деловникот не може да се премине на ниту една друга точка се додека не се заврши и не се исцрпи точката која што трае и за која што се расправа.

„Пред да заврши расправата по третата точка не може да се премине на изборот на претседател на Собрание. Секогаш се бирала прво комисија, а потоа претседател, додаде Илија Димовски“.


Слично

Поврзани вести