Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКА КАВГА ВО ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ: Меркел кочничар за влезот на Македонија во ЕУ?

ЖЕСТОКА КАВГА ВО ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ: Меркел кочничар за влезот на Македонија во ЕУ?

Жестока кавга изби во германскиот Бундестаг кога германски пратеник од партијата на Зелените упати критики до канцеларката Ангела Меркел.

Јирген Тритин ја обвини Меркел дека е главен кочничар за перспективата на Македонија во ЕУ.

Тој со директно прозивање на канцеларката прашал дали некој ја сака Северна Македонија само во НАТО, а не и во ЕУ и дали ги третира нејзините граѓани како Европејци од втор ред.

-Желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа. Мојот сомнеж е дека Канцеларката Меркел и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ. Зошто Владата досега не се стави ова прашање пред Бундестагот?-рекол Тритин.

 Кристијан Шмит, пак пратеник од партијата на Меркел ЦДУ вели дека земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараат за почетокот на преговорите.

-Северна Македонија е упориште на мирот на Балканот. Земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараме за почетокот на преговорите.   Сметам дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, иако Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми“-рекол тој.

Слично

Поврзани вести