Жестока дебата во владиниот кризен штаб за предлогот на Комисијата за заразни болести
Жестока расправа се одржала денес во Кризниот владин штаб за предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе полициски час од 22:00 до 5:00 часот, дознава Алсат.
Телевизијата од извори во седиштето дознава дека повеќето од членовите биле против воведувањето на забрана за движење. Според аргументите, ова ограничување може само да има спротивен ефект. Мнозинството на членовите сметало дека треба да се преземат мерки за да се носат заштитни маски насекаде (вклучително и местата на отворено).
Во 14:00 часот, Владата ќе расправа и ќе донесе одлука за предлогот на Комисијата за заразни болести. Извори велат дека вжештена дебата се очекува и во Владата. Денес не се дискутирало за други олеснителни мерки.
Според првиот човек на Комисијата, Д-р Жарко Караџавски, се предлага полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот со цел да се избегнат големи собири навечер.
