ЖЕСТОКА БУРА НИЗ ЕВРОПА, „БАБЕТ“ ОДНЕСЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ: Кај нас температури и до 30 степени
Големо невреме беснее
низ Европскиот Континент. Интензивниот дожд и ветерот доведоа до големи
поплави, огромни бранови и големи прекини на електричната енергија во Ирска и
Обединетото Кралство од 18 до 19 октомври, а во Германија пак имаше сериозни
проблеми во железничкиот сообраќај.
Силните ветрови и поплави погодија неколку земји во северна Европа, бидејќи регионот претрпе пообилни врнежи во петокот кои синоптичарите велат дека ќе продолжат и во викендот. Се очекува дека ветровите најсилно ќе го погодат источниот дел на данскиот полуостров Јитланд и данските острови во Балтичкото Море. Но, северниот дел на Британските острови, јужна Шведска и Норвешка, како и северна Германија се исто така на патот на бурата, наречена Бабет.
Потврдено е дека две лица загинале во Велика Британија, а уште едно се води како исчезнато.
-Бабет ќе продолжи да носи значителен ветер и дожд во Ирска и делови од Обединетото Кралство во текот на викендот, предупредуваат метеоролозите на AccuWeather.
Метеопрогнозерот, Славчо Попоски, пак, за кај најавува температури и до 30 степени овој викенд.
-Времето нагло затопли и тоа поради силното јужно и југозападно воздушно струење, денес навистина имавме летен ден, најтопло беше во Битола каде се измерени дури 29 степени. Ваквата временска состојба и наглите промени на времето од топло на студено и обратно особено неповолно влијаат врз метеопатите, пишува Попоски.
ФОТО: EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT