Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жесток судар во ДУИ по дознавањето на изборните резултати

Жесток судар во ДУИ по дознавањето на изборните резултати

Повеќе медиуми пренесуваат дека атмосферата во седиштето на ДУИ во Мала Речица по дознавањето на изборните резултати била навистина тензична. Откако се дознало дека загубиле во Чаир, жестоко реагирале за ангажманот на партискиот огранок и неговото водство. 

Ваквите забелешки не биле добро примени од „чаирчани“ па дошло и до конфликт меѓу партиските членови кои се спротиставиле еден на друг, а ситуацијата одвај била смирена. 

Засега од ДУИ не ги коментираат овие наводи за внатрешен жесток судар. Да потсетиме во Чаир победи СДСМ која освои најмногу гласови, додека пак ДУИ вкупно освои 10 мандати според првичните резултати на ДИК. 

Во ДУИ наводно владее големо незадоволство и противење на идејата повторно да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ што во последните години најмногу и наштети на партијата. 


Слично

Поврзани вести