Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОК СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не доставуваат препорака до Владата за затворање на северната граница

ЖЕСТОК СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не доставуваат препорака до Владата за затворање на северната граница

Жестоки несогласувања имало меѓу членовите на Комисијата за заразни болести денеска околу прашањето затворање на граничните премини со соседна Србија и Косово, поради влошувањето на епидемиолошката состојба во двете земји, односно наглото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот.

-Поради немање заеднички став околу ова, Комисијата за заразани болести нема да достави препорака до Владата. Имавме многу несогласувања меѓу самите себе, и не дојдовме до една заедничка одлука, така што нема што да препорачаме. Ако сега ги затвораме, зошто брзавме да ги отвориме. Затоа, нека одлучат во Владата како да се постапи во однос на евентуално затворање на границите, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.

Оттаму, сметаат дека е и крајно време на работа да се вратат и лицата со хронични болести кои четири месеци седат дома поради кризната состојба, а како што велат, земаат цела плата.

-Сметаме дека и тие луѓе треба да почнат да доаѓаат на работа. Не зборуваме за малигноми, за луѓе со канцер, и така натаму, заболувања кои се животозагрозувачки, но оние кои своето хронично заболување го држат под контрола, може да се вратат на работа, велат од Комисијата за заразни болести.  

А.Б.

Слично

Поврзани вести