Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жесток ден во Собрание: Закани, провокации и тензични препукувања летаа од пратеничката говорница

Жесток ден во Собрание: Закани, провокации и тензични препукувања летаа од пратеничката говорница

Четиринаесетата конститутивна седница во Собранието поминува со жестоки препукувања и обвинувања.

Панчо Минов и Илија Димовски му се „фрлија“ на Зијадин Села со низа обвинувања.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците рече дека од собраниската говорница се манипулира со чувствата на граѓаните обвинувајќи ги пратениците од ВМРО ДПМНЕ дека се способни да запалат цела држава.

„Вие се грижите само за една работа, за милијардите што сте ги украле. Вие сте способни да запалите цела државата само за да се спасат неколку глави од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Немојте да поттикнувате тензии, затоа што последиците би биле многу лоши, би имало жртви, а тоа никој не го посакува“, рече Села.

Оваа негова изјава наиде на реплика од Илија Димовски кој пак му рече на Села дека е неспособен и изигрува најголем Албанец.

„Господине Села вие си играте со чувставта на граѓните кога тврдите дека не постојат Македонци, а исто и колегите од СДСМ заради тоа што вашите три пратеници се клучни во ова Собрание и ниту еднаш не ја осудија вашата изјава со која што тврдите дека Македонци не постоеле од пред 100 години. Знаете, за да постои геноцид мора да има тенденција на намалување на население, а не на зголемување на население. Пример, во вашето родно село пред 100 години пола од населението биле Македонци. Денес нема ниту еден Македонец. Во вашето родно село пред 100 години имало црква но во 1960 година таа црква е срушена. Можеби на тоа треба да дадете одговор“, рече Димовски.

Панчо Минов пак се закани дека одамна „му го собирал“ на Зијадин Села бидејќи, како што рече, цело време провоцирал и навредувал по нација и држава.

„Тоа што ти паѓа косата над очите, не ми е јасно дали те прави поумен или така изгледаш. Оди потстрижи се. По се изгледа не е до косата, разум ти фали“, рече Минов.

Слично

Поврзани вести