Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕШКО ВО СУД: Камчев и Боки13 со различни тврдења-каде е торбата „Луј Витон“

ЖЕШКО ВО СУД: Камчев и Боки13 со различни тврдења-каде е торбата „Луј Витон“

Сочни детали слуша јавноста од денешното одвивање на случајот „Рекет“ во судница.

Како сведок на обвинителството во случајот се јавува бизнисменот Орце Камчев кој открива детали и за торбата во која му ги дал парите на шоуменот Бојан Јовановски кој па тврди дека „луј витонот“ му е вратен.

-Му ги спакував парите во „Луј Витон“ оти тој многу го љуби тој бренд, не личи да биде во „Адидас“. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“, истакна бизнисменот Камчев додавајќи дека парите ги пакувала неговата сметководителка .

Од друга страна Боки 13 тврди дека Кичеец на Камчев му ја вратил торбата „Луј Витон“, на што Камчев возврати дека чантата никогаш не му била вратена.

„На 21, 22 февруари, во 21 часот и 17 минути Зоарн Милевски му ја врати торбата.Тоа може да се докаже од камерите во вашата куќа“, рече Јовановски, по што остана нејасно дали торбата била вратена полна или празна.


Фото: принтскрин а1он

Слично

Поврзани вести