Кампањата на Владата ги разгоре страстите-„Неквалитетни вакцини ли имавме досега“?
„Членството во ЕУ значи подобри здравствени услуги за сите а за нашите деца значи најквалитетни вакцини. Пред нова вакцина да биде одобрена на пазарот, поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста“.
Оваа тема е дел од кампањата #ПридобивкиОдЕУ која Владата ја започна за членството на Македонија во ЕУ но и која буквално ги зовре социјалните мрежи во последните 24 часа.
Бура од коментари и реакции под фотографијата која ја објави токму првиот човек на здравството Венко Филипче.
Оттука многумина во коментари прашаа:
*Дали сега немаме квалитетни вакцини? Какви какви вакцини примаат сега нашите деца !?!?!?
*Што е тоа што ги спречува надлежните сега да набавaт најквалитетни вакцини ?
*Ќе чекаме да влеземе во ЕУ (во најоптимистична варијанта за 10 години) па нашите деца да добијат квалитетни вакцини ?., дали за сите се квалитетни или само за некои? - се коментира жестоко на Фејсбук .
Дел од коментарите прочитајте ги под постот на фотографијата постирана од министерот Венко Филипче.
