„ЖЕШКИОТ КОМПИР“ ВО РАЦЕ НА ИВАНОВ: Тој вети дека ќе постапува согласно Уставот
Шефот на државата денеска разговараше со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и при таа прилика рекол дека неговите наредни постапки во актуелната ситуација и формирање на нова влада ќе бидат согласно со уставните одредби и во исклучив интерес на државата и нејзините граѓани.
Иванов најави консултации со државните институции и полтички субјекти за формирање на нова влада, откако пропаднаа преговорите за формирање на владеачка коалиција на старите партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов на претседателот на Уставниот суд му рекол дека неговото влијание на формирањето на идната влада било строго во рамки на неговите права, обврски и одговорност.
Иванов има 10 дена, почнувајќи од вчера, мандатот за состав на владин кабинет да и го даде на друга политичка опција, што во овој случај би требало да биде СДСМ, која на изборите на 11 декември освои 49 пратенички мандати.
Сепак во јавноста шпекулаците се бројни. Има и такви од типот дека би можело да се случи Иванов повторно да му го даде мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, и со тоа мандатар да биде некој друг од таа партија наместо екс премиерот Никола Груевски.
Меѓутоа, за многумина ова би било преседан во светот, каде што не и се дава можност на втората партија по освоен број на мандати да се обиде да состави влада.
