Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕШКА ДЕБАТА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Почна седницата за ратификација на Протоколот на Македонија

ЖЕШКА ДЕБАТА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Почна седницата за ратификација на Протоколот на Македонија

Во тек е пленарна дебата за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Во дискусијата ќе зборуваат сите политички водачи на опозицијата, a се очекува да дебатирас и премиерот на Грција Алексис Ципрас.

Во четврток, со позитивен предлог, предложениот закон "Ратификација на Протоколот кон Северно-атлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија" беше одобрен за пленарната седница од страна на мнозинството постојани парламентарни комисии за надворешна и национална одбрана.

Претседателот на Домот Никос Вутис смета дека дебатата ќе биде завршена околу 7 попладне за да започне со пребројување на гласовите.

Како што пренесуваат грчките медиуми, се очекува дебатата да се одвива на повисок тон.

За ратофикација на протоколот за прием на Македонија во Алијасата се потребни минимум 151 глас.

Минатата среда во седиштето во НАТО пак беше потпишан Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Сега парламентите на земјите-членки на Алијансата треба да го ратификуваат овој протокол како Македонија би станала полноправна членка на оваа организација со новото име Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести