Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕРНОВСКИ ЖЕСТОКО ЗА МУЦУНСКИ, ГРУЕВСКИ, СКОПЈЕ 2014 И НАСТРЕШНИЦАТА: Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи нѐ зафаќа сѐ поголема сенка

ЖЕРНОВСКИ ЖЕСТОКО ЗА МУЦУНСКИ, ГРУЕВСКИ, СКОПЈЕ 2014 И НАСТРЕШНИЦАТА: Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи нѐ зафаќа сѐ поголема сенка

Андреј Жерновски жестоко удри за настрешницата, за Муцунски, за евроинтеграциите но и за продолжувањето на проектот Скопје 2014. Секако, не заборави да го спомене и екс премиерот Никола Груевски, во чие време проектот Скопје 2014 беше започнат.
„Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи не’ зафаќа се’ поголема сенка!

Токму овој потег е она што и’ недостасуваше на македонската дипломатија последниве 8 месеци.

Очекувам со новата настрешница од половина милион евра да зајакнат напорите, а со тоа и резултатите, за побрза интеграција во ЕУ.

Неопходното продолжување на проектот “Скопје 2014” не само што ќе биде поздравено од идејниот творец кој е на печалба во Будимпешта, туку сум убеден дека ќе биде и едногласно поздравено во седиштето на НАТО. Таму, веќе е познато дека не може да се биде рамноправен член без соодветен „чадор”., напиша тој на фејсбук.




Слично

Поврзани вести