Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕРНОВСКИ ЖЕСТОКО УДРИ ПО МИЛОШОСКИ: Се јави вистинскиот министер за надворешни работи

ЖЕРНОВСКИ ЖЕСТОКО УДРИ ПО МИЛОШОСКИ: Се јави вистинскиот министер за надворешни работи

Андреј Жерновски со критики со Антонио Милошоски и за неговиот став во кој го критикуваше Стево Пендаровски за неговиот став за американскиот претседател Доналд Трамп.
„НОВОТО (НЕ)НОРМАЛНО

Се јави вистинскиот министер за надворешни работи, со што добивме потврда дека он и ден-денес е креатор на македонската дипломатија кога неговата партија е на власт.

Секако и за да го укори оној кој мисли дека е министер и кој не’ уверува дека, како беше она… а да: САД е стратешки партнер, а ЕУ стратешка цел. ГЕНИЈАЛНО!

Уште погенијално е да се фалите на глас дека надворешната политика ви е на иста линија и усогласена со онаа на Орбан, познатиот енфан терибл на ЕУ.

И додека еврокомесарката за проширување Марта Кос информира дека Црна Гора и Албанија би можеле да ги завршат преговорите за членство во ЕУ во 2026, ние упорно тонеме ли тонеме. Да, тоа е онаа иста Албанија за која не’ молеа да не се издвојуваме од неа и да ја почекаме. Потоа не’ стигна, набрзо и престигна, благодарејќи на “успешната диломатска офанзива” на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, добредојдовме во новото (не)нормално, во кое, меѓу другото, сме западнобалканска копија на Орбан.

Среќа што станавме, како што ни кажа премиерот, најголема економска сила на ова подрачје, па некако се намалува горчливиот вкус од неговото владеење.

Добро е. Економијата цвета, платите растат, цените паѓаат.

Има надеж!“



Слично

Поврзани вести