Жерновски сведок за насилствата во Центар-Груевски, Јанакиески и Рангелова се појавија на суд
На денешното судско рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар дојдоа првообвинетиот лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како и екс министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште неколкумина обвинети.
Како сведок на рочиштето дојде градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, и обвинителите од СЈО меѓу кои не е и Фатиме Фетаи.
Имено денес во Кривичниот суд ќе продолжи судскиот процес за нарачување и извршување насилство во општина Центар. Во овој предмет, обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.
На претпоследното рочиште обвинителките Катица и Фатиме добија казна по 2.000 евра поради „елементарно непочитување на судот“.
