Жерновски реагира на тврдењата на Шиповиќ - Не се шетал во Париз
Жерновски тврди дека службено бил во Париз, но претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ вели дека патувањето било приватно и дека за истото не било побарано одобрувања. Шиповиќ веќе подолго време своите профили на социјалните мрежи ги користи како „Викиликс“ за да лансира различни обвинувања на адреса на Жерновски, дел со документи, дел со сведоштва, дел со разговори од кулоарите. За последната објава општина Центар веднаш реагираше и го пронајде службениот мејл на нашиот веб сајт, каде да потсетиме никако да стигнат одговорите за понудено интервју кои стои неодговорено со месеци.
- Патувањето за кое што пишува претседателот на Советот, остварено во Париз, не е никакво "шетање", туку официјална службена посета на Париз. За ова јавноста беше информирана и беа објавени и фотографии од разговорите на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, како и со директорот за Балкан при Министерството за надворешни работи, Гијом Русон. На средбите беа разменети мислења и ставови за актуелната состојба во Република Македонија, од француска страна е изразена поддршка за Евроатлантските амбиции и за демократизација на Република Македонија. На средбите договорена е и конкретна експертска и техничка соработка меѓу Општина Центар и Париз.
Исто така во реакцијата на општина Центар стои дека Жерновски како градоначалник досега потрошил помалку пари за патувања и дневници од неговиот претходник Тодоровиќ биле потрошени 10,4 милиони денари, а во неговиот мандат само 745 илјади денари што било за 14 пати помалку. Овие бројки не значат ништо доколку не се направи подлабока анализа за бројот на патувања, дестинациите, местата на престој и поминатите денови надвор од канцеларијата.
- Точно е дека односите меѓу Жерновски Шиповиќ се нарушени, и тоа како директна последица на гласањето на Шиповиќ, кој со ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов ДУП за Водно, со што се оствари целта за изградба на десеткатница на Водно, велат од општина Центар.
Општина Центар и нивната служба за односи со јавноста се едни од најзатворените за соработка и голем број на информации не се достапни за медиумите кои се трудат да известуваат правично, па така објавите на Мирослав Шиповиќ често служат и тоа како за добивање поголема претстава што се случува околу градоначалникот Жерновски.
