Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Прво сум се тепал, па сега испаднав амбасадор „на диво“

Жерновски: Прво сум се тепал, па сега испаднав амбасадор „на диво“

Амбасадорот на Македонија во Букурешт, Андреј Жерновски, демантира дека дипломатската функција во Романија ја обавува „на диво“, односно како што известија некои медиуми - без добиен акредитив за работа.

„Откако од медиумите дознав дека, како амбасадор, сум се тепал по официјални приеми во Романија, за што следеше приватна тужба од моја страна, вчера на истиот начин дознав нова вест- дека сум бил амбасадор “на диво”.

Не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа “генијална” теза, но знам дека со некој од нив ќе мора да се видиме на суд. Не дека го сакам тоа, но мора да се воспостави ред, бидејќи клеветењето и нанесување штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа, колку и објавувачите или пренесувачите на вакви невистини да не ги поседуваат наведените особини“, објави поранешниот градоначалник на Центар и вршител на разни државни функции.

Тој сподели и фотографијата од предавањето на предавањето на неговите акредитиви во романското МНР. 

„Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија.

Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд“, се закани Жерновски.


Слично

Поврзани вести