Жерновски: Од „Службен весник“ дознав дека повеќе не сум амбасадор
Поранешниот претседател на ЛДП и градоначалник на Центар, Андреј Жерновски,на социјалните мрежи објави дека случајно од „Службен весник“ дознал дека повеќе не е амбасадор во Романија.
„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот.
Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, објави Жерновски.

Слично
