Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата
Поранешниот заменик министер за надворешни работи и доскорешен амбасадор Андреј Жерновски вели дека евентуалното испраќање на емигранти од Британија во Македонија би значеоо дека тие ќе се движат слободно низ земјата.
- Веќе слушаме детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. 'Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно, рече членот на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма.
Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат сместени во кампови, туку ќе имаат право слободно да се движат низ државата и да користат работни места, што особено носи ризици поврзани со ваквата ситуација.
- Не зборуваме за мигранти кои ќе бидат сместени во кампови и ќе ги чуваат чувари. Значи, тие ќе бидат тука меѓу нас, и ние ќе ги гледаме. Не сакам моите деца, нашите деца, да ги доживеат оние сцени што ги гледаме надвор , дивјаштва, грабежи, криминал. Тоа не сакам да го видам во нашата држава. Некој преговарал без да ги праша граѓаните, сам си зел право да разговара за тоа, и тоа сега излегува на површина. Бараме одговори, зошто ние како македонски граѓани да ја добиваме вистината преку медиуми од друга земја, а не од нашата влада, која преговара“, потенцираше Жерновски.
Тој додаде дека прашањето за мигрантите е нешто на што веднаш треба да се реагира, затоа што кога ќе бидат веќе испорачани тука, нема назад.
- Значи, или нема да има во Македонија шест милијарди евра, или нема да има мигранти , едното со другото не оди. Тоа е вистината што ја прашуваме уште од мај “, потенцираше Жерновски, додавајќи дека круцијалното прашање до власта е дали на Македонија, Британија би ѝ дала 6 милијарди евра без да прими ниту еден мигрант.
Слично
