Жерновски: Мицкоски треба да си даде оставка за јавувањето, заслужува интерпелација
Во нормална држава премиерот Христијан Мицкоски требаше оставка да си даде откако призна дека му се јавувал на државниот јавен обвинител за предмет, изјави во 24 анализа секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Андреј Жерновски .
„Премиерот требаше да си поднесе оставка. Заслужува интерпелација, треба да ја размислиме таа опција. Ова не се брани. Во една држава премиер да му се јави на државен јавен обвинител е повод за оставка веднаш. Во нормална Држава премиерот си дава оставка. Н е е за смеење премиер да му се јави на јавен обвинител за предмет . Мицкоски го прекрши законот , законот бара оставка “- изјави Жерновски за 24 Анализа
Опцијата за интерпелација која Жерновски вели дека Мицкоски ја заслужува доаѓа откако премиерот пред два дена кажа дека се слушнал со државниот јавен обвинител Ненад Савевски и очекува по жалбата на ЕСМ, предметот за набавката на мазут да биде повторно разгледан. Дека телефонски зборувале потврди и Савевски, но тврдеше дека не разговале за детали од предмнетот.
Савевски порача дека обвинителката Катерина Коларовиќ без негово знаење и без да реферира на колегиум ја затворила истрагата. Таа пак кажа дека по една година истрага не нашла докази дека Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и Ратко Капушевски го оштетиле буџетот .
