Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски го пофали лидерот на грчката опозиција Ципрас

Жерновски го пофали лидерот на грчката опозиција Ципрас

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, во статус на Фејсбук ја пофали грчката опозиција, предводена од лидерот на СИРИЗА; Алексис Ципрас, наведувајќи:

-Првиот човек на грчката опозиција постира вакви статуси на Фб. Во нив, тој зборува за предлозите што ќе ги достави, а кои се посветени на бизнисот и економијата. Нормално, ниту збор за здравството, бидејќи знае дека треба да даде поддршка и дека не е време за лов на политички поени. Ете, за време на пандемија, вака резонира лидер на опозиција. А кај нас?

Ципрас во својот пост појаснува како ги минува деновите во изолација:

-Деновите во карантин се изгубени. Понекогаш саботната вечер би ја поминале со пријатели. Но сега без разлика кој ден е, ние работиме со нашите партнери преку видео-конференции за да ги претставиме нашите предлози за бизнисите и работивањата, кои ќе ги обелодениме во почетокот на неделава.


Слично

Поврзани вести