Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски до Муцунски: Што бараш во Јапонија, по таква изјава на Кос?

Жерновски до Муцунски: Што бараш во Јапонија, по таква изјава на Кос?

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски упати критики на сметка на актуелниот шеф на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека заминал во Јапонија на ЕКСПО 2025 во денови кога комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, рече дека „Македонија е тажна приказна“ заедно со Косово и БИХ.

„Четврти ден гримогласен молк од страна на македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, дека по Црна Гора, соседна Албанија е наредниот кандидат од Западен Балкан за членство во Европската Унија за време на тековниот мандат на Европската комисија.

Во изјавата, Кос потенцира дека на Балканот има три тажни приказни и дека ние сме една од нив. Со тоа, се потврди она за што веќе подолг период алармиравме, а на што власта и ВМРО-ДПМНЕ ни се потсмеваше- дека Македонија е сега во друштво со Косово и БиХ.

И таман кога се загриживме за причината зошто го (с)нема министерот, дојде охрабрувачката вест од владиниот портпарол дека тој е во Јапонија по повод (верувале или не) националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025“, напиша Жерновски на социјалните мрежи.

Според доскорешниот амбасадор во Романија, по ваквите крајно загрижувачки изјави од Брисел, Муцунски треба да направи нова стратегија, а не да патува во далечни земји како Јапонија и Австралија.


Слично

Поврзани вести