Економија, финансии, бизнис

Контакт

Женските пуритански здруженија молчат за „разголената студентка“ на Груевски

Женските пуритански здруженија молчат за „разголената студентка“ на Груевски

Нема никаква реакција од ниту едно женско пуританско здружение за сексистичката изјава на Никола Груевски дадена за време на вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме дека токму такви пуритански здруженија бараа да се покријат гениталиите на статуата Прометеј иако станува збор за стандард во уметноста, но авторот беше принуден да постави „гаќи“ за да не им било срам на луѓето.

Сепак, лажните морализатори сега засега молчат за контроверзната изјава полна со шовинизам и сексизам на Никола Груевски која гласеше вака: Сегашниот министер за надворешни работи, на прес-конференција со неговиот грчки колега кажа „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, што сликовито може да се илустрира со пример, кога студент во студентски дом влегува во собата на неговата колешка која е целосно соблечена и му вели „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“.

Ваквите видови на изјави секогаш треба да се осудуваат и посочат како негативни бидејќи не треба да се дозволи ширење на слика за жените како тие да им се „поддаваат“ на мажите во конретниот случај македонските политичари се спремни да бидат „искористени“ од Грците само за да бидат задоволени.

Слично

Поврзани вести